20 август 2025
• од Станча Јаќимовски
По две години одложувања, израелската влада во следните недели се очекува да финализира историски договор со Египет, кој ќе ја претвори еврејската држава во клучен енергетски партнер на најнаселената арапска земја во светот, пренесуваат светските агенции.
Спогодбата предвидува извоз на 22% од ресурсите на гасното наоѓалиште „Левијатан“ – најголемото во Израел, кое претставува околу 13% од вкупните резерви на природен гас во државата. Египет ќе купи 130 милијарди кубни метри израелски природен гас до 2040 година со вкупна вредност од околу 35 милијарди долари.
Оваа сума претставува значителен приход за израелската економија и ќе го поттикне развојот на енергетскиот сектор.
Компанијата NewMed Energy, партнер во проектот „Левијатан“, го опиша договорот како „најголем во историјата на Израел“. Според анализите, извозот на гас ќе се утрои до 2028 година, што ќе го засили геополитичкото влијание на земјата во регионот.
Овој проект е проширување на договорот од 2019 година, потпишан од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси. Првичниот договор предвидуваше извоз на околу 60 милијарди кубни метри, додека новата спогодба ги зголемува обврските повеќекратно.
Договорот ќе се реализира во неколку фази:
Со ова, капацитетот на наоѓалиштето ќе се зголеми од 21 на 23 милијарди кубни метри годишно, што ќе ја зацврсти позицијата на „Левијатан“ како еден од најважните извори на гас на Блискиот Исток.
За Египет, договорот гарантира стабилни испораки на гас за електроцентралите и го поддржува развојот на секторот за втечнет природен гас (LNG). Тоа ќе му овозможи да го задоволи растечкото внатрешно побарување и да ја зачува улогата како регионален енергетски хаб.
До 2035 година Израел ќе извезува 60% од гасот од „Левијатан“, додека 40% ќе остануваат за домашниот пазар. Во 2024 година наоѓалиштето произведе околу 11 милијарди кубни метри, од кои половина беа извезени во Египет.
Од 2040-тите години „Левијатан“ ќе стане главен извор на гас за Израел, обезбедувајќи најголем дел од потребите за природен гас во земјата сè до исцрпувањето на резервите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

