23 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Заменик-претседателката на Европската комисија, Каја Калас, предупреди дека идејата за отстапување на украински територии претставува „замка што Русија ни ја постави“.
Во интервју за Би-Би-Си, Калас истакна дека целата дискусија се врти околу тоа од што треба да се откаже Украина и какви компромиси е подготвена да направи. „Во меѓувреме забораваме дека Русија не направи ниту една отстапка“, нагласи таа.
„Тоа е токму замката што Русија ја постави. Ако западот изврши притисок врз Украина да прави отстапки, ситуацијата ќе се повтори, затоа што агресијата ќе биде наградена“, додаде Калас.
Калас го оцени и учеството на рускиот претседател Владимир Путин на неодамнешниот самит во Аљаска. Според неа, тој „добил сè што сакал“ – бил примен со почести, а Белата куќа не вовела нови санкции против Москва.
Во однос на разговорите за безбедносни гаранции за Украина, Калас смета дека засега нема доволно „јасни чекори“. Таа подвлече дека „најсигурната гаранција за безбедност е силната украинска армија“.
По средбите во Вашингтон, во кои учествуваа украинскиот претседател Володимир Зеленски и европски лидери, неколку држави подготвуваат предлог за тоа како би можеле да изгледаат идните гаранции за Киев.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, веќе изјави дека распоредување на западни војници во Украина е неприфатливо за Москва.
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден