19 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каа Калас, ги оквалификува руските напади врз ЕУ како „државно спонзориран тероризам“, пренесе АФП.
На медиумски настан во Брисел, Калас изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „јасно е оној што не сака мир“, истакнувајќи дека војната најверојатно ќе заврши кога Русија ќе „ги исцрпи своите финансиски ресурси“.
Таа нагласи дека ЕУ очекува решение за репарацискиот заем за Украина уште следниот месец, како дел од напорите за понатамошна поддршка на украинската одбрана.
Калас призна пред новинарите дека зависноста на ЕУ од Кина го отежнува воведувањето санкции, со што дополнително се комплицира заедничката европска политика кон Москва и Пекинг.
Таа потсети дека ЕУ не смее да ги прифати нападите со дронови како „нова нормалност“ и дека мора систематски да работи на спротивставување на хибридните закани и на зајакнување на одвраќањето.
Според Калас, Унијата има неколку можности за идно финансирање на Украина, но користењето на замрзнатите руски средства останува „најјасниот и најдиректниот начин“ за поддршка на нејзината одбрана.
Ахмети му честита на Хамза: ПДК е државотворна партија и наследничка на УЧК
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

