22 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Во редок момент на искреност, лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, првпат јавно призна дека севернокорејски војници загинале борејќи се на страната на Русија во војната против Украина.
На трогателна церемонија во Пјонгјанг, Ким им оддаде почит на загинатите, опишувајќи ги како „херои кои ги жртвуваа своите животи за победата и славата“. Државната агенција KCNA објави фотографии на кои тој прикачува медали на униформи и значки на врамени фотографии од паднатите борци, со нивните имиња испишани со златни букви.
„Срцето ме боли кога ја гледам реалноста дека нашите синови можат да се видат само преку фотографии на спомен-ѕидот. Не знам како да го изразам моето жалење и извинување што не успеав да ги заштитам,“ рече Ким, додека пред него стоеле ожалостени семејства.
Сцените беа особено потресни – Ким Јонг Ун ги прегрнуваше расплаканите деца и членовите на семејствата, кои со солзи во очите ја примаа државната почест за своите најблиски. По церемонијата, властите организираа банкет за единицата што се вратила од Русија.
Според западните разузнавачки извештаи, Северна Кореја има околу 12.000 војници распоредени во Русија, од кои околу 4.000 се убиени или ранети од есента 2024 година. Иако овие војници често немаат практично борбено искуство, аналитичарите предупредуваат дека станува збор за елитни и идеолошки мотивирани единици.
Церемонијата претставува прво официјално признавање од Пјонгјанг за човечките загуби во борбите кај Курск. Ова е показател дека дури и строгата цензура на Ким не може целосно да ја прикрие високата цена на војната.
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден