18 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
По изгласувањето на декларацијата во бугарското Народно собрание со која се осудува физичкиот и вербалниот напад врз македонскиот Бугарин Владимир Перев во Скопје, бугарскиот пратеник и лидер на партијата „Преродба“, Костадин Костадинов, се обрати од собраниската говорница.
Во своето обраќање, Костадинов изјави дека Бугарија, според него, треба „јасно и категорично“ да соопшти дека Македонија е „втората бугарска држава на Балканскиот Полуостров“. Тој наведе дека, според неговите тврдења, „мнозинството од населението во Македонија се Бугари“ и дека целта е, како што рече, „второ обединување“.
„Кој и да одлучи да ги нападне Бугарите во Македонија, ќе ги сноси последиците и ќе трпи санкции од нас, доколку е потребно“, изјави Костадинов. Според него, ваквиот пристап е неопходен за, како што рече, да не се дозволи „еден ден нашите сонародници да бидат убиени таму“.
Тој додаде дека Бугарија ќе ги „заштити Бугарите со сила, со тврдост и со здрава и решителна дипломатија“, нагласувајќи дека, според него, заштитата не треба да се темели на, како што рече, „беспомошно однесување“ и „бесплодни декларации“.
Во продолжение на говорот, Костадинов се осврна и на историските интерпретации поврзани со Македонија. Тој ја спомена изјавата на поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов, кој Македонија ја нарекол „најромантичниот дел од бугарската историја“, наведувајќи дека, според неговото гледиште, тоа не е романтичен период, туку „крвава рана во силата на Бугарија“.
„Оваа рана нема да заздрави и нема да се излечи сè додека Бугарија и Македонија не станат една држава“, изјави Костадинов, додавајќи дека, според него, тоа било цел за која, како што рече, се бореле бугарските преродбеници и за која, според неговите зборови, загинале стотици илјади Бугари.
Тој нагласи дека, според неговата позиција, ова е тема за која „мора да се зборува, мора да се делува и мора да се работи“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

