25 април 2025
• од Вардарски
Заминувачкиот премиер на Косово, Албин Курти, оцени дека неодамнешната средба меѓу патријархот на Српската православна црква (СПЦ), Порфириј, и рускиот претседател Владимир Путин не претставува верска дипломатија, туку „стратешко партнерство на авторитарни режими“, кое, според него, го изложува целиот регион на сериозна опасност.
Курти преку објава на социјалната мрежа „X“ истакна дека СПЦ одамна има активна политичка улога, но дека посебно загрижува тоа што, како што вели, се покажало експлицитно усогласување на ставовите, што може да се види од транскриптот на средбата меѓу патријархот Порфириј и Путин. Средбата се одржа непосредно пред најавената посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на Москва, во мај.
„Патријархот повика на поширока геополитичка прегрупација под водство на Русија, повторувајќи дека српскиот ‘мал чамец, кој плови по разбранувано море, секогаш треба да биде врзан за големиот руски брод’. Исто така, тој сугерираше дека ставот на Србија кон нејзините соседи – Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора – зависи од глобалната позиција на Русија“, наведе Курти.
Тој додаде дека Косово останува цврсто посветено на своите демократски принципи и стремежи, и недвосмислено ги отфрла ревизионистичките агенди водени од авторитарни сили.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

