LARA – Најнова писта од светска класа во Бугарија
Балканот конечно доби нешто навистина спектакуларно – писта LARA, најмодерната тркачка патека во регионот, и тоа токму во Бугарија!
Сертифицирана според највисоките светски стандарди на FIA и FIM, оваа писта веќе го носи статусот на вистински моторспорт бисер во југоисточна Европа.
📍 Се наоѓа кај Самоков, Бугарија, на само 12 километри од познатиот Боровец, и на само еден час возење од Софија и Благоевград – што значи дека е и повеќе од достапна за сите нас од Македонија!
Што нуди LARA?
🏎️ Должина од 4 километри
🌀 15 технички завои за максимален предизвик
🚀 Права линија од над 900 метри – совршена за брзини над 280 км/ч
🔁 21 конфигурација – вклучувајќи 8 без и 13 со шикани
Но LARA не е само трка. Ова е писта создадена и за lifestyle, за моменти што се доживуваат со сите сетила – од рев на мотори и чад од гуми, до музика, дружење и адреналин што се пие на мали голтки.
🔜 Многу скоро, ќе имаме шанса лично да ја почувствуваме оваа писта – светски проект во срцето на Бугарија, на само неколку часа од Скопје!
📲 Следете ја официјалната страница на писта LARA за сите новости, отворања и ексклузивни настани.