28 февруари 2025
• од Вардарски
Францускиот претседател Емануел Макрон го убеди својот американски колега Доналд Трамп да ја повлече својата првична одлука да ја откаже посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон, изјави француски дипломатски извор.
Според информациите, вчера американската администрација го известила украинскиот претседател да не доаѓа во земјата. Зеленски потоа го контактираше Макрон, кој лично му се јави на Трамп, го увери во намерите на Зеленски и го поддржа.
По телефонскиот разговор, Трамп се согласи на средбата. Така вчера најави дека утре на 28 февруари ќе го прими Зеленски во Белата куќа.
Посетата ќе се совпадне со потпишувањето на договорот за ретки метали меѓу двете земји.
Зеленски, исто така, го потврди своето претстојно патување, нагласувајќи ја важноста од континуираната поддршка на Вашингтон за Киев.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

