23 јануари 2025
• од Вардарски
Еврокомесарката за проширување Марта Кос испрати јасна порака до Светскиот економски форум во Давос: процесот на пристапување во Европската унија се одредува според постигнатиот напредок и исполнувањето на критериумите, а не од времето што измина.
„Она што е важно не е колку долго чекаат земјите кандидати, туку нивната политичка волја и способност тоа да го спроведат“, нагласи Кос. Таа посочи дека ЕУ внимателно го следи спроведувањето на реформите во овие земји, особено спроведувањето на владеењето на правото.
„Гледаме загриженост кај многу членки на Унијата дека приемот на земји кои не се целосно подготвени може да и наштети на ЕУ. Ова не смееме да го дозволиме“, категоричен е еврокомесарот.
Кос посочи дека промените во глобалната економија и геополитичката ситуација бараат и од кандидатите и од самата ЕУ да направат подлабоки подготовки за проширувањето. „Се враќаме на основите, на причините за создавање на ЕУ - мир, слобода, просперитет и безбедност“, рече таа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

