25 март 2025
• од Вардарски
Бугарија се наоѓа пред сериозни предизвици и мора да започне со масовна воена обука за населението – предупредува воениот експерт Милен Иванов. Според него, геополитичките тензии и зголемената несигурност во регионот ја прават неопходна подготвеноста на граѓаните за одбрана.
„Само професионална армија не е доволна. Ако сакаме да ја заштитиме државата, секој граѓанин треба да знае основни воени вештини“, вели Иванов.
Тој предлага воведување на доброволни програми за обука – ракување со оружје, преживување во кризни ситуации и пружање прва помош. Овие активности, според него, не само што ќе ја зголемат безбедноста, туку и ќе ја зајакнат националната свест и солидарноста меѓу луѓето.
Како пример, Иванов ги посочува Финска и Швајцарија, каде цивилната одбрана е дел од културата, а секој граѓанин знае како да реагира во вонредна состојба.
„Подготвеноста не е знак на страв, туку на мудрост. Време е Бугарија да се разбуди – утре може да биде доцна“, порачува тој.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

