19 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Милорад Додик, чиј мандат како претседател на Република Српска официјално заврши по одлука на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина, ќе мора да го врати својот дипломатски пасош во рок од 15 дена, јавува Н1 телевизија.
Сараевскиот портал „Кликс“ објави документ од Министерството за надворешни работи на БиХ, испратен до Канцеларијата на претседателот на Република Српска, во кој стои дека Додик е должен да го врати дипломатскиот пасош.
„Со оглед на тоа што со одлуката на Централната изборна комисија од 6 август е утврдено прекинување на мандатот на Милорад Додик, со ова го повикуваме назначениот да го врати дипломатскиот пасош“, се наведува во писмото.
Доколку Додик не го врати пасошот во предвидениот рок, МНР ќе ја извести Граничната полиција и Дипломатско-конзуларната мрежа на БиХ дека документот е поништен.
Апелациониот совет на Судот на БиХ вчера ја отфрли жалбата на Додик против одлуката на Централната изборна комисија. Со тоа беше потврдена пресудата со која тој е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција, поради непочитување на одлуката на високиот претставник.
По оваа одлука, Додик официјално повеќе не ја извршува функцијата претседател на Република Српска.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден