23 септември 2025
• од Гоце Кически
Северноатлантскиот совет утрово се состана по барање на Естонија, во согласност со член 4 од Вашингтонскиот договор, заради консултации и силна осуда на опасното и провокативно нарушување на естонскиот воздушен простор од страна на Русија на 19 септември.
⚡️JUST IN: NATO threatens Russia with military response over repeated airspace violations
— NEXTA (@nexta_tv) September 23, 2025
After three Russian MiG-31s breached Estonian airspace, NATO issued a sharp warning.
The Alliance said it is ready to use “all military and non-military tools” to defend its members. NATO… pic.twitter.com/ATTclcxhQa
Според извештајот на Врховниот сојузнички командант за Европа (SACEUR), три вооружени руски авиони МиГ-31 незаконски влегле во естонското небо и таму останале повеќе од десет минути. НАТО реагираше брзо и решително – сојузнички борбени авиони веднаш беа кренати во воздух и успешно ги пресретнаа и избркаа руските летала.
Оваа опасна акција е дел од поширок шаблон на сè поагресивно и неодговорно однесување на Москва. Само во последните две недели, Северноатлантскиот совет по вторпат заседава под член 4. На 10 септември се одржа состанок поради масовно нарушување на полскиот воздушен простор од руски беспилотни летала. Воздушни провокации доживеаја и други сојузници – Финска, Латвија, Литванија, Норвешка и Романија. НАТО ја изрази својата целосна солидарност со сите сојузници чиј простор е нарушен.
„Русија сноси целосна одговорност за овие ескалациски и крајно опасни акции кои го загрозуваат мирот и безбедноста на граѓаните. Тие мора веднаш да престанат,“ се наведува во заклучоците на Советот.
Во одговор на ваквите закани, НАТО останува решителен. На 12 септември започна вежбата „Eastern Sentry“ со цел зајакнување на одбранбената позиција долж целата источна граница на Алијансата. Ќе бидат дополнително засилени капацитетите за одбрана и одвраќање, особено преку ефективна противвоздушна заштита.
„Русија треба да биде свесна: НАТО и неговите сојузници, во согласност со меѓународното право, ќе ги искористат сите неопходни воени и невoени инструменти за да се одбранат и да ги одвратат заканите од сите насоки. Нашата посветеност кон член 5 е цврста и непоколеблива,“ беше истакнато.
Сојузниците порачаа дека нема да бидат заплашени од неодговорното однесување на Москва и ќе продолжат со непоколеблива поддршка за Украина, чие право на самоодбрана против бруталната и неоправдана руска агресија претставува и заштита на безбедноста на цела Европа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

