22 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Папата Лав остро ја осуди практиката на насилно раселување на цивилите во појасот Газа, јавува „Ројтерс“.
За време на неделната молитва „Ангел Господен“, папата порача дека насилството и одмаздата не можат да изградат иднина.
„Заедно со пастирите на црквите во Светата земја повторувам дека нема иднина заснована на насилство, насилно прогонство и одмазда“, истакна тој.
Светата земја, според црковната традиција, ги опфаќа делови од денешен Израел, окупираните палестински територии, како и делови од Јордан и Египет – свети места за јудаизмот, христијанството и исламот.
Израел во последните денови ја засили воената операција и уништувањето во главниот град на палестинскиот анклав, што предизвика дополнителни страдања кај локалното население. Ситуацијата стана уште посериозна откако во јули беше погодена единствената католичка црква во Газа.
„Народите имаат потреба од мир. Тие што вистински ги сакаат луѓето, работат за мир“, нагласи првиот папа од Соединетите Американски Држави. Со своите пораки, тој ја потенцира улогата на Католичката црква како силен глас во застапувањето за мир и прекин на насилствата во регионот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

