23 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој моментално се подготвува во Њујорк за поход кон својата 25. гренд слем титула, изрази загриженост за актуелната состојба во Србија. Во интервју за српските медиуми, тој нагласи дека атмосферата во земјата е напната и дека граѓаните се соочуваат со големи предизвици.
„Состојбата во земјата генерално е таква што на луѓето најмалку им е до спорт… Се случуваат многу работи, голема е транзицијата и на народот и на државата… Се надевам дека ќе се смират страстите. Сè многу ескалираше, буквално сме на граница на граѓанска војна. Се надевам дека ситуацијата ќе се смири, но засега нема навестување за тоа,“ изјави Ѓоковиќ, притоа нагласувајќи дека не сака да навлегува во политички дискусии.
Покрај политичко-општествената ситуација, Ѓоковиќ зборуваше и за судбината на тенискиот турнир кој досега се одржуваше во Белград. Поради околности независни од нив, организацијата беше приморана да го пресели натпреварувањето во Атина.
„Сè што можам да кажам е дека ние не сакавме да го селиме турнирот, тоа е сè. За жал, така е, како што е…“ – рече Ѓоковиќ.
Сепак, тој ја истакна својата надеж дека во иднина турнирот ќе се врати во Србија, можеби дури и со повисока категорија. „Од наша страна секогаш постои желба и тенденција. Мојот брат Ѓорѓе, кој го води турнирот, едноставно беше ставен во ситуација турнирот да мора да се пресели. Се надевам дека во наредните години ќе дојде подобро време и дека турнирот ќе се врати, можеби дури и во повисока категорија – никогаш не се знае. Белградската публика го сака тенисот и го следи, Србија во последните дваесет години стана вистинска тениска земја со сите наши успеси,“ изјави тој.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

