01 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Унгарија е подготвена да преземе решителни мерки за заштита на своето воздушно пространство. Премиерот Виктор Орбан изјави во подкастот Harcosok Órája дека унгарската армија ќе соборува руски беспилотни летала, доколку тие навлезат на територијата на земјата.
„Не се плашиме од тоа. Секако дека ќе ги собориме“, рече Орбан во одговор на новинарско прашање дали Унгарија има капацитет да го брани небото над својата територија од можни руски дронови.
Од руската страна, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров пред Генералното собрание на ООН изјави дека Москва не испраќа дронови и ракети кон европски држави и членки на НАТО.
Во текот на септември, повеќе европски држави се соочија со нарушување на своето воздушно пространство од беспилотни летала. На 10 септември, полската армија објави дека неколку дронови навлегле во нејзина територија.
Руското Министерство за одбрана потоа соопшти дека беспилотните летала биле насочени кон цели во западна Украина и дека „немало планови за удари на територијата на Полска“.
Изјавата на Орбан доаѓа во време на зголемена напнатост во регионот, кога европските држави стануваат се повнимателни кон ризиците од несакани последици од војната во Украина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден