11 април 2025
• од Гоце Кически
Агам Бергер, ослободена заложничка и талентирана виолинистка, ќе настапи во поранешниот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау на 24 април, за време на изданието на Маршот на живите. Таа ќе биде дел од израелската делегација составена од поранешни заложници, роднини на жртви на нападите од Хамас на 7 октомври 2023 година, жители од заедниците долж границата со Газа, како и преживеани од Холокаустот.
Оваа година, Маршот на живите ќе одбележи 80 години од ослободувањето на Аушвиц и крајот на Втората светска војна. Израелската делегација ќе ја предводат претседателот на Израел, Ицхак Херцог, и првата дама Михаел Херцог, и ќе вклучува 80 преживеани од Холокаустот од Израел и од целиот свет. На настанот ќе присуствува и полскиот претседател Анджеј Дуда.
Меѓу членовите на израелската делегација се и ослободениот заложник Ели Шараби со својот брат Шарон, како и Цили Венкерт — бабата на ослободениот заложник Омер Венкерт. Исто така ќе учествуваат и ослободените заложници Ори Мегидиш, Рааја Ротем, Хагар Бродуч, Алмог Меир Јан, Моран Стела Јанаи, Гади Мозес, Авива Сигел, Кит Сигел, Шири Вајс и Хен Голдштајн-Алмог.
„Ја добив битката двапати — еднаш против нацистите и еднаш против Хамас“, изјави Цили Венкерт. „Ќе маршувам во Маршот на живите како жив доказ дека еврејскиот народ опстојува, и покрај сите обиди да нè уништат.“
Дел од делегацијата ќе бидат и ожалостени роднини на жртви, меѓу кои Офер Винер, татко на Јахав Винер, кој беше убиен во Кибуц Кфар Аза на 7 октомври, како и вдовицата на Јахав, Шајли Атари. Офер Винер е, исто така, син на преживеан од Холокаустот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

