26 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Основачот на „Фејсбук“ и сопственик на технолошкиот гигант „Мета“, Марк Цукерберг, преку својата компанија изразил интерес за инвестирање во Бугарија. Веста ја соопшти бугарскиот премиер Росен Жељазков по средбата со претставници на компанијата.
Според Жељазков, разговорите биле насочени кон можностите што земјата може да ги понуди на технолошките инвеститори. Тој истакна дека Бугарија располага со значителни енергетски капацитети, кои можат да се искористат не само за извоз на електрична енергија, туку и за изградба на современи дата-центри.
„Амбицијата ни е да го искористиме производството на енергија од сите извори, вклучувајќи и можности за балансирање, за создавање на инфраструктура која е предуслов за развој на центри за податоци. Дополнително, тука се и добрата оптичка поврзаност и човечкиот потенцијал што го имаме“, изјави премиерот.
Претставниците на „Мета“ ја запознале бугарската делегација со нивните пошироки планови за инвестирање во Европа. Како што било посочено, можно е да се реализираат инвестиции во Бугарија по 2028 година.
Жељазков нагласи дека за земјата е од голема важност да се комбинираат интересите на американските бизниси, производителите на технолошка опрема и крајните корисници.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

