Последен дар на милосрдие: Папа Франциск ги подари своите заштеди на затворениците во Рим
Во последните денови од својот живот, папа Франциск уште еднаш ја потврди својата посветеност на најмаргинализираните. Само два дена пред да почине, Светиот Отец ги донирал своите лични заштеди – 200.000 евра – на затворениците во римскиот затвор Regina Coeli, каде што лично ги посетил. Овој гест е само уште едно сведоштво за неговата длабока човечност и посветеност на добрината, дури и во последните моменти од животот.
Последните зборови на папата биле полни со благодарност – упатени до неговите соработници за можноста да се поздрави со верниците од папамобилот на Велигден, еден од неговите последни јавни појавувања.
Три дена по неговата смрт, телото на папата беше изложено за поклонение во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан. Илјадници верници од целиот свет дојдоа да му оддадат почит. Атмосферата беше исполнета со длабоки емоции.
„Беше многу чудесно чувство, некако надреално. Но кога го видов неговото тело, почувствував колку многу значеше неговата борба за мир и правда“, изјави Алекс Ленерц, поклоник од САД.
„Го изгубивме таткото на верата, духовен водач кој нè учеше на љубов и разбирање“, рече сестра Мајара од Рим. „Ова е време за молитва, благодарност и сеќавање.“
Иако посетителите имаат само неколку секунди да се поклонат, за многумина тие моменти се длабоко значајни. „Не можеш ни фотографија да направиш. Само гледаш, се прекрстуваш и мораш да излезеш“, раскажа Фелипе Пике