Потпретседателката на Бугарија со честитка по повод Велигден
Во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, потпретседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова, преку својата порака на социјалните мрежи им посака на сите луѓе здравје, духовна сила и благословени денови.
Во нејзината објава, Јотова напиша:
„Здравје, силна вера, светли и благодатни денови за сите.“
Пораката ја заврши со празничниот поздрав кој обединува милиони верници низ светот: „Христос воскресе!“
Илијана Јотова, која е еден од најистакнатите политички личности во Бугарија и долгогодишен борец за човекови права, еднаквост и солидарност, вечерта присуствуваше на велигденската богослужба во патријаршиската катедрала „Св. Александaр Невски“ во Софија. Таму, бугарскиот патријарх Даниил го објави Христовото Воскресение и упати благослов до целиот народ.
Велигден – празникот на надежта, светлината и обновата – се слави со посебна радост меѓу христијаните. Тој нè потсетува на силата на вербата, победата на доброто над злото и на вечната порака за љубов и прошка.
Во православната традиција, верниците се поздравуваат со зборовите:
„Христос воскресе!“ – „Воистину воскресе!“, поздрав кој ќе се слуша во наредните четириесет дена, сè до празникот Възнесение Господово.
Нека овие празнични денови бидат повод да се свртиме кон добрината, да ги згрееме срцата со љубов и да ги споделиме вредностите на мирот, хуманоста и заедништвото.
Среќен Велигден! Христос воскресе!