19 мај 2025
• од Вардарски
Поради зголемениот интерес и бројните прашања во врска со двата активни конкурса за прием на гранични полицајци, започнуваме со објаснување за конкурсот кој се однесува на западната граница на Бугарија со Република Србија.
Објавен е конкурс за вработување на 90 гранични полицајци во Регионалната дирекција „Гранична полиција“ – Драгоман. Оваа дирекција го покрива целиот дел од границата со Србија.
Конкурсот е наменет за лица кои живеат во повеќе населени места, вклучувајќи ги: Ќустендил, Перник, Брезник, Трн, Софија, Костинброд, Сливница, Драгоман, Чипровци, Берковица, Монтана, Белоградчик, Брегово и Видин.
Граничната зона е поделена на сектори, за кои се надлежни следните Гранични полициски управи:
Може да се пријават сите бугарски државјани кои:
Познавњето на странски јазик е предност, но не е задолжително за работа на т.н. „зелена граница“. Кандидатите кои ќе бидат распределени на гранични премини треба да познаваат англиски јазик, кој дополнително ќе го изучуваат шест месеци во Центарот за специјализирана полициска подготовка во Пазарџик.
Важно е кандидатите да покажат мотивација, комуникативност, култура, писменост и интерес за полициска работа. Високиот резултат од физичкиот тест не е гаранција за избор, туку само чекор до последната фаза.
Избраните кандидати ќе бидат примени како стажанти и ќе започнат обука во Центарот за специјализирана полициска подготовка во Пазарџик. Обуката трае 6 или 9 месеци, во зависност од капацитетите на центарот.
Сите заинтересирани се охрабруваат да аплицираат и да ја искористат оваа можност за започнување на кариера во Граничната полиција.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

