Премиерот на Бугарија оствари средба со папата Лав XIV во Ватиканот
Премиерот на Бугарија, Росен Жељазков, упати срдачни честитки до Неговата Светост папа Лав XIV, посакувајќи му добро здравје, долг живот и мудрост. Двајцата водеа краток разговор по завршувањето на свечената литургија што денес се одржа во Ватикан, при што се сретнаа со водачите на делегациите кои присуствуваа на настанот.
Во својата средба со папата, премиерот Жељазков изрази уверување дека односите меѓу бугарската држава и Ватикан ќе продолжат да се развиваат во позитивна насока. Тој го нагласи и значењето на добриот дијалог меѓу Ватикан и Бугарската православна црква.
Разговорот накратко се допре и до претстојната средба на папата и премиерот, која ќе се одржи во пресрет на 24 мај – еден од најзначајните и најсакани празници во Бугарија, Денот на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета и култура, како и на словенската писменост. По традиција, следната недела бугарска делегација ќе отпатува во Ватикан по тој повод, а истата ќе биде предводена од премиерот Жељазков.