29 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
На 17 октомври, во 17:00 часот, на плоштадот „Скендербег“ во Тирана ќе се одржи протест организиран од ветераните на Ослободителната војска на Косово (УЧК). Организаторите ја најавија акцијата како севкупен албански протест против, како што велат, неправдите што им се нанесуваат на поранешните водачи на УЧК.
Хисни Гуцати, претседател на Организацијата на ветераните на војната на УЧК, истакна дека протестот ќе биде мирен, но решителен, со цел да се изрази револтот кон Специјалниот суд кој им суди на поранешните команданти.
„Правда за ослободителите, против неправдите што им се прават. На 17 октомври, во 17:00 часот, да се обединиме во протест. Да организираме мирен собир кој ќе го изрази нашиот гнев кон Специјалниот суд“, порача Гуцати.
Поранешните лидери на УЧК веќе подолго време се соочуваат со судски процеси во Хаг, а ветераните и дел од албанската јавност сметаат дека тие се жртви на политички и судски неправди. Со протестот во Тирана, учесниците ќе бараат почитување на нивната улога во војната и ќе испратат порака за единство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден