22 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, преку објава на својот профил на „Фејсбук“ им оддаде почит на предците кои ја прогласиле независноста на земјата во 1908 година. Тој нагласи дека народот повеќепати докажал дека има и волја, и сила самостојно да го одредува своето идништo.
„Денес оддаваме почит кон политичката зрелост на предците наши, кои ја прогласија Бугарија за независна држава. По 1908 година, народот ни многупати покажа дека има и волја, и сила сам да го определува своето идништo“, напиша Радев.
Во својата порака тој подвлече дека независноста не треба да се сфаќа само како датум од минатото, туку како трајна лекција за државничка мудрост. „Наивно и опасно е да очекуваме друг да ги решава нашите проблеми и да ги брани националните интереси. Должни сме да внимаваме и да бараме институциите да ја исполнуваат народната волја. Да ги користиме нашите демократски права“, истакна шефот на државата.
Со овие зборови Радев потсети дека почитувањето на независноста подразбира и одговорност во сегашноста – активно учество на граѓаните и контрола врз институциите за да се зачуваат вредностите и интересите на државата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

