06 мај 2025
• од Вардарски
Албанскиот премиер Еди Рама нагласи дека Албанија мора да ги заврши преговорите за членство во Европската Унија до 2027 година, пренесе Клан Косово.
Во својата изјава, Рама подвлече дека на 16 мај цела Европа ќе се собере во Тирана, нагласувајќи дека тоа не е случајност, туку значаен момент за Албанија. „Албанија треба да ги заврши преговорите со ЕУ. Цела Европа ќе дојде тука на 16 мај, пред нозете на Скендербег. Ова не е случајност“, изјави тој.
Рама потсети дека уште од средината на април се започнати подготовките за големиот НАТО самит кој ќе се одржи во Албанија на 16 мај. Лидерите на ЕУ ќе пристигнат уште на 15 мај, кога е планирана свечена вечера во пресрет на самитот.
Овој настан се смета за историски важен за Албанија, која се стреми да го зацврсти својот пат кон ЕУ и да ја засили својата улога во евроатлантските интеграции.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

