10 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во последниот период, Бугарија бележи значителни промени на пазарот на трудот – рекорден број на странски работници и истовремено зголемен број на Бугари кои се враќаат од емиграција. Овие трендови отвораат нови можности, но и предизвици за земјата.
Според податоците, оваа година околу 60 илјади Бугари се вратиле во својата татковина. Најголем дел од нив доаѓаат од Северна Европа – Германија, Велика Британија, Франција и Холандија.
Георги Прванов, експерт за човечки ресурси, изјави за Блумберг ТВ Бугарија дека една третина од Бугарите во странство, односно приближно 2,5 до 3 милиони луѓе, ја искажуваат својата намера да се вратат ако се создадат соодветни услови. Тој нагласува дека доколку тоа навистина се случи, влијанието врз демографијата, пазарот на трудот и инвестициите ќе биде огромно.
Истовремено, Бугарија бележи рекорден број на издадени дозволи за странски работници. Само во првата половина од годината се издадени 23 илјади дозволи, во споредба со 34 илјади за целата измината година.
Најголем број работници доаѓаат од Узбекистан, Киргистан, Турција, Индија, Непал, а од неодамна и од Индонезија. Прванов очекува дека во 2025 година бројот на издадени дозволи ќе достигне 50 илјади, со што вкупниот увоз на странски работници би надминал 100 илјади лица.
Иако постои перцепција дека странските работници се поевтина работна сила, експертите истакнуваат дека тие добиваат исти услови како домашните работници.
„Стапката на успех кај нив е висока – доаѓаат од тешки услови и имаат силна мотивација да работат, да се прилагодат и да испраќаат пари на своите семејства. Често, дури и без потребните квалификации, тие брзо учат нови вештини и прифаќаат прекувремена работа,“ изјави Прванов.
Експертите предупредуваат дека бугарската работна сила веќе е недоволна за нискоквалификувани позиции, а во иднина ќе биде потребен и увоз на работници со средна стручна подготвеност.
Клучното прашање, според Прванов, е дали Бугарија има јасна стратегија – дали сака овие луѓе да останат трајно или да бидат само привремено решение за недостигот на работна сила.
Нема бесплатен влез во ЕУ – нови правила за патување, потребен и документ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден