16 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот премиер Росен Жељазков изјави дека постои конкретен и детално подготвен план за евакуација на бугарските државјани од Израел, но се чека најсоодветниот момент за негово спроведување.
„Очекуваме оптимален момент и најповолни услови. Организациски сме подготвени. Врз основа на пристигнатите информации и направените анализи, ќе се донесе соодветна одлука кога точно ќе се реализира планот“, изјави премиерот Жељазков за време на посетата во Симитли.
Тој истакна дека ситуацијата се следи внимателно и постојано, и нагласи дека засега не постои закана за националната безбедност на Бугарија. Одлуката за евакуација ќе биде донесена во координација со безбедносните служби.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

