11 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Нарушувањето на воздушниот простор на суверена Полска претставува сериозна закана и води кон опасна ескалација на тензиите меѓу Русија и НАТО. Ова го истакна бугарскиот претседател Румен Радев во својата објава на социјалната мрежа Х.
Според Радев, ваквите дејствија не само што го нарушуваат меѓународното право и безбедноста во регионот, туку и директно ги поткопуваат напорите за воспоставување траен мир во Европа. „Сега повеќе од кога било ни е неопходно враќање кон дипломатски решенија и стабилност“, потенцираше тој.
Претседателот на Бугарија апелира за воздржаност и за одговорен пристап од сите страни во конфликтот, со цел да се избегне дополнителна ескалација што може да има непредвидливи последици за целиот континент.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден