22 април 2025
• од Вардарски
Русија значително ги зголемува хибридните напади насочени кон дестабилизација на европските држави, а на мета се најде и Холандија. Според најновиот годишен извештај на холандската воена разузнавачка служба (MIVD), Москва активно се обидува да поткопа демократски институции и критична инфраструктура во земјата и пошироко во Европа, јавува „Ројтерс“.
„Сведоци сме на растечка руска закана кон Европа, која нема да исчезне дури ни по евентуален крај на војната во Украина“, изјави директорот на MIVD, Питер Рејсинк.
Тој предупредува дека светот сѐ повеќе живее во „сива зона“ меѓу мир и војна, каде што државни актери – особено Русија – се подготвени да преземаат поголеми ризици преку хибридни напади:
„Станува збор за комплексна комбинација од шпионажа, кибер-напади и обиди за влијание врз јавното мислење.“
Според MIVD, минатата година за првпат била детектирана хакерска акција од страна на руски групи против дигиталната инфраструктура на ненаведена холандска јавна институција. Дополнително, откриена е и руска кибер-операција насочена кон критичната инфраструктура во Холандија – веројатно како подготовка за идни акти на саботажа.
Хибридните закани не се ограничуваат само на интернет – тие опфаќаат и физички саботажи, ширење дезинформации и обиди за манипулација со јавната перцепција.
Во извештајот повторно се предупредува на активностите на Русија во Северното Море, каде што се мапираат подводни комуникациски и енергетски линии – што може да се искористи за шпионажа или деструктивни акции врз интернет-кабли, водоснабдување и електрична енергија.
Во сличен контекст, британската разузнавачка служба MI-6 во ноември ја обвини Русија за, како што беше опишано, „неверојатно неодговорна кампања“ на саботажа низ Европа – од кибер-напади до запалувања поврзани со руски актери.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

