10 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Руското нарушување на воздушниот простор на Полска претставува „неодговорно однесување“, без разлика дали било намерно или не, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Мојата порака до Путин е јасна – престани со војната во Украина. Престани со ескалацијата на конфликтот. Престани со прекршување на воздушниот простор на сојузниците и знај дека сме подготвени“, порача Руте до рускиот претседател Владимир Путин.
Според Руте, последниот инцидент е директно продолжение на војната во Украина и предупредување дека Москва ризикува дополнителна ескалација. Тој нагласи дека НАТО-сојузниците се решени „да ја бранат секоја педа од територијата“ на алијансата.
Во официјалното соопштение, генералниот секретар потврди дека сите членки изразиле целосна солидарност со Полска.
Руте додаде дека е започната целосна проценка на ситуацијата, а во неутрализирањето на руските беспилотни летала учествувале повеќе држави-членки на НАТО, меѓу кои Холандија, Италија, Полска и Германија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден