10 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, остро го осуди нарушувањето на полското воздушно пространство од руски дронови, оценувајќи го како „целосно безрасудно“.
„Без разлика дали тоа било намерно или не, ваквиот чин е целосно безрасуден, крајно опасен. Сè уште се врши целосна проценка на инцидентот“, изјави Руте, пренесува Ројтерс.
Тој упати јасна порака до рускиот претседател Владимир Путин: „Запрете ја војната во Украина, запрете ја ескалацијата на конфликтот кој фактички го водите против невини цивили и против граѓанската инфраструктура. И престанете да го нарушувате воздушниот простор на нашите сојузници. Знајте дека сме подготвени, будни и дека ќе го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО.“
Изјавата на Руте доаѓа во момент кога војната во Украина сè повеќе предизвикува загриженост за безбедноста на државите членки на Алијансата, особено на оние кои граничат со зоната на конфликт.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

