23 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Државниот департмент на САД објави дека започнува засилени проверки на сите над 55 милиони валидни визи издадени на странски државјани, пренесува Франс прес.
Мерката доаѓа како дел од построгата имиграциона политика на претседателот Доналд Трамп, кој по враќањето во Белата куќа во јануари ја прогласи борбата против нелегалната имиграција за свој врвен приоритет.
Според американското Министерство за надворешни работи, секоја виза може да биде поништена во секое време доколку постојат докази за прекршувања – од надминување на дозволениот престој и криминални дејствија, до закани за јавната безбедност или врски со терористички организации.
Во изминатите неколку дена, Вашингтон поништил над 6000 студентски визи, од кои речиси 4000 поради кршење на законот. Податоците на Државниот департмент покажуваат дека тоа е повеќе од двојно зголемување во споредба со истиот период минатата година, кога на власт беше демократот Џо Бајден.
Претседателот Трамп често зборува за „инвазија“ од странски криминалци и бара масовни депортации, иако неговата програма редовно се соочува со правни пречки во судовите. Според администрацијата, имиграцијата не е право, туку привилегија.
Државниот секретар Марко Рубио потенцираше дека имиграцијата „е привилегија, а не право“. Тој најави и целосна забрана за издавање работни визи за странски возачи на камиони. Според него, нивното присуство „го загрозува животот на Американците и ја поткопува егзистенцијата на домашните превозници“.
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден