26 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
САД ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија почнувајќи од 1 октомври, потврди претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на неговото учество на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Тој посочи дека санкциите за компанијата НИС се одложени само за уште четири дена.
„Да видиме, можеби до 1 октомври ќе се случи чудо, но сигурно нè очекуваат тешки времиња и зима,“ изјави Вучиќ. Според него, ситуацијата е „непријатна и сложена“, но Србија ќе се обиде да најде решение. „Ние сме косвена штета во односите меѓу Москва и Вашингтон. Ќе платиме висока цена затоа што Русите се мнозински сопственици на НИС,“ додаде тој.
Вучиќ нагласи дека Србија била коректна и кон руските и кон американските партнери, но дека граѓаните треба да знаат оти последиците ќе бидат сериозни. „Ќе се обидеме да останеме коректни, но цената што ќе ја платиме ќе биде исклучително висока,“ предупреди српскиот претседател.
Србија предложила десетици можни решенија за избегнување на санкциите, но ниту едно не било прифатливо за ниту една од страните.
Санкциите кон НИС досега беа одложувани шест пати, последниот пат до 26 септември. Ден претходно Вучиќ изрази надеж за ново одлагање, но овојпат изгледите се минимални.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

