28 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, денеска изјави дека алијансата останува цврсто посветена на стабилноста на Босна и Херцеговина и нема да дозволи создавање на безбедносен вакуум во земјата.
Нејзината изјава следи по најавата на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, дека ќе побара од Русија да стави вето во Советот за безбедност на Обединетите нации со цел да се прекине мисијата на ЕУФОР во БиХ.
„НАТО-алијансата е трајно посветена на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“, порача Шекеринска за време на средбата со бошњачкиот член на претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ.
Таа нагласи дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во земјата, независно од исходот на претстојната седница на Советот за безбедност на ООН.
„Без оглед на исходот, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, изјави Шекеринска.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден