26 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Шведска постигна договор со Тајланд за продажба на четири современи борбени авиони Gripen, произведени од компанијата Saab, јавува Ројтерс.
Според соопштението, договорот предвидува испорака на три едноседни авиони Gripen E и еден двоседен Gripen F, заедно со неопходна опрема и логистичка поддршка. Вредноста на зделката изнесува околу 5,3 милијарди шведски круни (приближно 556 милиони американски долари).
Генералниот директор на Шведската администрација за одбранбени материјали, Микаел Гранхолм, изјави дека оваа соработка го засилува долгорочниот потенцијал за развој и модернизација на шведските воени авиони.
Испораките на авионите ќе се реализираат во периодот 2025 – 2030 година. Тајланд веќе располага со една ескадрила авиони Gripen, а со новите машини значително ќе ги зајакне своите воздушни сили.
Со овој договор, Тајланд ја продолжува својата соработка со Шведска во одбранбената сфера, додека за Saab и Шведската одбранбена индустрија зделката претставува важен поттик за натамошен развој и интернационално позиционирање на авионот Gripen.
Наместо гордост, понижување: Штип празнува јубилеј на клуб со окупаторско потекло
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден