08 март 2025
• од Вардарски
Истражувањето на Меѓународниот институт за социологија во Киев покажа дека 67 отсто од испитаниците имаат доверба во Володимир Зеленски во март, во споредба со 57 отсто еден месец претходно.
Според Антон Хрушецки, извршен директор на институтот, резултатите од анкетата покажуваат дека Украинците сакаат мир, но не под никакви услови и дека реториката на новата американска администрација се доживува „како напад на цела Украина и на сите Украинци“.
Анкетата е спроведена од 14 февруари до 4 март со 1.029 учесници. Резултатите се приближно исти за централна, јужна и западна Украина, додека на исток резултатите се различни: таму 60 отсто од испитаниците му веруваат на Зеленски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

