16 мај 2025
• од Гоце Кически
Во екот на засилени безбедносни анализи, американските енергетски власти повторно ги разгледуваат ризиците поврзани со кинеските уреди кои играат клучна улога во инфраструктурата за обновлива енергија. Присуството на неевидентирани комуникациски уреди во кинески инвертери и батерии го крена алармот во безбедносните кругови.
Инвертерите, во најголем дел произведувани во Кина, се користат за поврзување на соларни панели и ветерни турбини со електричната мрежа. Но, експерти во САД открија вградени уреди што не се наведени во техничката документација – тајни радио-уреди кои можат да се користат за заобиколување на заштитните firewalls и потенцијално исклучување или саботажа на енергетските системи.
“Знаеме дека Комунистичката партија на Кина (КПК) има интерес да стави дел од нашата клучна инфраструктура во ризик. Тие се надеваат дека западната зависност од нивните инвертери ќе ги ограничува нашите одговори,” изјави Мајк Роџерс, поранешен директор на НСА.
Според анализите, потенцијалот за далечинско управување со овие уреди носи “катастрофални импликации”: дестабилизација на електромрежи, уништување на критична опрема, па дури и масовни прекини на струја.
Американскиот Конгрес веќе започна со иницијативи да ја намали зависноста од кинески технолошки производи. Конгресменот Аугуст Пфлугер порача:
“Комунистичката партија на Кина не престанува да таргетира осетливи делови од нашата инфраструктура. Време е да ставиме крај.”
Во Сенатот е предложен закон за целосно исклучување на кинески батерии од употреба во националната безбедност од 2027 година. Се очекува слични мерки да бидат воведени и за инвертерите.
Инвертерите – дигиталниот тројански коњ?
Најголемиот производител на инвертери, Huawei – веќе одамна под западни санкции поради безбедносни ризици – продолжува да доминира на глобалниот пазар, покрај Sungrow и Ginlong. Германската компанија 1Komma5 јавно објави дека не користи производи од Huawei поради страв од кинеска контрола.
“Порано, исклучувањето на неколку инвертери не беше критично. Но денес, со експанзијата на соларната енергија, последиците се далеку поопасни,” рече директорот на компанијата, Филип Шредер.
Иако Huawei се повлече од американскиот пазар во 2019 година, неговото влијание во Европа останува силно. Над 200 GW соларна енергија во Европа е поврзана со кинески инвертери – еквивалент на над 200 нуклеарни централи.
Според NATO, оваа енергетска зависност е веќе идентификувана како “стратегиска слабост” која Кина би можела да ја искористи во евентуална конфронтација со Западот.
Балтичките држави – пример за отпор
Литванија и Естонија веќе превземаат конкретни чекори. Литванија усвои закон со кој се забранува користење на кинески уреди во проекти над 100 киловати, додека Естонија предупредува на ризикот од уцена од страна на Пекинг.
Во Велика Британија, владата спроведува целосна ревизија на кинеската технологија во енергетскиот систем.
Инцидент во ноември 2024 година, кога од Кина беа исклучени соларни инвертери во САД и Европа, ги потврди најлошите стравувања на аналитичарите – директна странска интервенција со ефекти врз локалното снабдување со струја.
Порака до Западот: Време е за енергетска независност
Обновливите извори на енергија не смеат да бидат ахилова пета на западната безбедност. Зависноста од кинеска технологија ја отвора вратата за сајбер-саботажи, политички притисоци и економска манипулација.
Соодветно, САД и нивните сојузници мора да ги зајакнат домашните производствени капацитети и да воведат јасни регулативи за безбедност на опрема. Само преку елиминирање на кинеските инфилтрации од клучните сектори, демократијата може да остане сигурна и одржлива.
Комунизмот не носи напредок, туку контрола. Пазарната економија и технолошката транспарентност се темелот на слободното и безбедно општество.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

