21 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Софија пристигна првиот од вкупно осумте нови метро-возови на чешката компанија Škoda, кои ќе ги заменат најстарите руски возови што со години сообраќаат на линиите 2 и 4 од бугарската метрополитенска мрежа. Новата композиција беше официјално претставена денес на специјален настан организиран од „Метрополитен“ АД во депото „Обелија“. Настанот го присуствуваа претставници на Škoda, извршниот директор на „Метрополитен“ Николаи Најденов, амбасадорот на Чешка во Бугарија Мирослав Томан и градоначалникот на Софија Васил Терзиев.
Проектот за набавка на новите состави е вреден €68,5 милиони и е реализиран преку јавна набавка. Новите Škoda возови носат значително подобрена автоматика, современи системи за видеонаблюдение и повисоко ниво на безбедност. Од „Метрополитен“ истакнуваат дека целта е граѓаните да добијат уште поквалитетна транспортна услуга, а метрото да ја задржи репутацијата на најстабилен превоз во градот.
„Метрото е стратешки приоритет. Во моментов се градат 10 нови метро-станици. Очекуваме да биде избран изведувач за проширувањето на првата линија по булевар ’Царица Јоана’. Активно се работи и на проектната документација за трасите во Студентски град“, изјави градоначалникот Терзиев.
Директорот Најденов објасни дека новите чешки композиции се составени од четири вагони, со максимална должина од 71,8 метри и тежина од 116.300 килограми. Тие можат да развиваат брзина до 90 км/ч, а секоја композиција има капацитет за 762 патници. Вклучени се и посебни места за лица со попреченост, детски колички и велосипеди.
Според Најденов, нивното пуштање ќе овозможи намалување на интервалите на линијата М2 по отворањето на новата станица „Панче Владигеров“, лоцирана меѓу станиците „Сливница“ и „Обелија“.
„Претставувањето на новиот метро-воз за Софија е важен чекор кој го покажува нашиот долгорочен ангажман. Заедно со Град Софија и ‘Метрополитен’ обезбедуваме побезбедна, поудобна и поодржлива мобилност за граѓаните. Горди сме што сме дел од иднината на јавниот превоз во Софија“, изјави Олесја Лачи, потпретседател за Југоисточна Европа во Škoda Group.
Очекувањата се дека сите осум нови возови ќе бидат пуштени во употреба најрано во јули следната година, по завршување на неопходните тестирања. Во следните пет години приоритет ќе биде постепена замена на старите руски машини. Новите возови нема веднаш да ги заменат постоечките, туку ќе го зголемат вкупниот подвижен состав.
Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“: Опфатени лица од УЈП и ДПИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

