27 март 2025
• од Гоце Кически
Со едноминутно молчење, советниците од Општинскиот совет во Казанлак, Бугариjа оддадоа почитта кон жртвите од трагичниот пожар што се случи во Кочани, Република Северна Македонија.
Предлогот за оддавање почит беше инициран од советникот Димитар Пашев, член на групата „Возраждане“. Во своето обраќање, Пашев потсети дека Казанлак и Кочани се збратимени градови.
„На 16 март, во Северна Македонија се случи огромна трагедија, при што 59 млади жители од нашиот збратимен град Кочани ги загубија своите животи. Нашиот Општински совет реагираше веднаш, испраќајќи писмо со сочувство. Градоначалникот, исто така, веднаш испрати такво писмо и организираше крводарителска акција,“ истакна Пашев.
Тој додаде дека ова е трагичен настан кој заслужува внимание и почит, со едноминутно молчење.
Советниците едногласно ја поддржаа иницијативата, покажувајќи солидарност и поддршка кон граѓаните на Кочани и нивните семејства во овој тежок момент.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

