21 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Српски тиктокер предизвика силни реакции на социјалните мрежи откако јавно објави дека купил бугарско државјанство. По таа објава, како што вели, бил преплавен со пораки од граѓани кои барале информации за истиот процес.
Според неговата изјава, на TikTok му се јавиле околу 1.350 луѓе, додека преку Instagram бројот надминал 3.000. Дел од заинтересираните ги поврзал со дополнителни информации, но истакнува дека не е можно „целата Србија да стане Бугарија“, нагласувајќи дека бројот на луѓе кои се јавуваат е „лудо голем“.
Тиктокерот остро го критикува, како што го нарекува, лицемерниот патриотизам во српското општество. Според него, додека јавно се зборува за херојство, национални вредности и одбрана на државните интереси, реалноста е поинаква. Тој тврди дека огромен дел од населението би било подготвено да се „продаде“ за минимална финансиска корист или ситни привилегии.
Во својата изјава, тој посочува и на културата на лажно прикажување на луксузот, наведувајќи дека во Белград може да се изнајмат скапи часовници од познати брендови за викенд, со цел луѓето да се пофалат во ноќните клубови и на социјалните мрежи.
„Не е поентата што јас знам дека имам нешто, туку другите да видат дека имам“, порачува тиктокерот, сумирајќи ја, според него, суштината на современиот менталитет – надворешниот впечаток е поважен од реалната состојба.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

