10 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Српскиот министер за одбрана, Братислав Бата Гашиќ, кој во минатото беше и директор на Безбедносно-информативната агенција (БИА), предизвика реакции со својата последна изјава во која тврди дека планината Кајмакчалан претставува „српска земја“.
Контроверзната изјава Гашиќ ја изнесе во видео-обраќање, во присуство на Иван Стоиљковиќ, актуелен вицепремиер во владата на Христијан Мицкоски. Присуството на висок македонски државен функционер настанот доби дополнителна тежина, отворајќи прашања за дипломатските и политичките импликации на изјавата.
Братислав Бата Гашиќ има долгогодишна политичка и безбедносна кариера. Тој беше директор на БИА од 2017 до 2022 година, а потоа ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи на Србија (2022–2024). Во моментов е на чело на Министерството за одбрана.
Кајмакчалан, планински врв на границата меѓу Македонија и Грција, има голема историска симболика поради битките од Првата светска војна. Меѓутоа, изјавата на српскиот министер повторно ја отвори чувствителната тема за националните толкувања на историјата и територијалните идентитети во регионот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

