20 април 2025
• од Вардарски
Во свет полн со предизвици и брзање, постојат луѓе кои ни покажуваат дека добрината и човечноста сè уште се живи. Еден таков човек е Владислав Радославов – млад Бугарин од Бугарија, кој секојдневно им помага на сиромашни, бездомни и самотни луѓе по улиците на Софија. Но она што го прави посебен е тоа што не го прави тоа само за Велигден или Божиќ – тој е тука за нив секој ден од годината.
Иницијативата „Точно со Влади“ не е поврзана со кампањи или медиумско внимание. Напротив – таа е тивка, скромна и исполнета со вистинска грижа. Влади ги наоѓа луѓето на кои им треба помош, им зборува, ги слуша, и најважно – ги забележува. За него тие не се „невидливи“, како што често изгледаат на многумина што само поминуваат покрај нив.
„Тие луѓе се постојано во моите мисли. Потребна им е нашата поддршка секој ден, не само на празници. И јас сум среќен што со помош на добри луѓе можеме да им пружиме надеж и топлина“, споделува Влади.
Тој често вели дека не се секогаш потребни храна или материјални средства – понекогаш највредно нешто е едноставен разговор, добар збор или само чувство дека некој навистина се грижи.
„Некои од нив одбиваат помош, но со насмевка ми велат дека за нив е доволно тоа што некој ги забележал и ги прашал како се“, раскажува Влади.
Како вистински пример за тоа што значи да се биде човек, Влади ги поттикнува сите околу себе да ја шириме добрината не само за празници, туку секој ден. Тој е доказ дека не треба да си богат или познат за да направиш разлика – потребни се само срце, волја и малку време.
Неговата посветеност и добрина се инспирација и за нас во Македонија – да не заборавиме дека хуманоста нема граници, и дека секој може да биде нечие светло, дури и во најтемните денови.
Благодариме, Влади – што нè потсетуваш што значи да се биде вистински човек.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

