11 април 2025
• од Гоце Кически
Шестмина луѓе загинаа при пад на туристички хеликоптер во реката Хадсон во Њујорк. Меѓу жртвите се семејство од Шпанија со три деца и пилотот на леталото. Семејството, кое го сочинувале родителите и три деца, го изнајмиле хеликоптерот за панорамско разгледување на „Големото јаболко“.
Причината за несреќата сѐ уште не е утврдена. Снимки од очевидци, објавени на социјалните мрежи, покажуваат дека трупот на хеликоптерот и пропелерот се откинале и паднале одделно во водата.
„Полициските нуркачи извлекоа четири тела, а нуркачите на пристанишните власти уште две. Четворица загинаа на самото место. Двајца беа пренесени во болница, но им подлегнаа на повредите. Засега не ги објавуваме имињата, бидејќи треба прво да ги известиме нивните роднини“, изјави полициската комесарка на Њујорк, Џесика Тиш.
Катастрофата се случила непосредно пред 15:40 часот по локално време, во близина на Вестсајд автопатот и Спринг стрит. На местото веднаш пристигнале морски и копнени единици на итната помош и њујоршката противпожарна бригада.
Според веб-страница за следење летови, хеликоптерот полетал од хелиодром во центарот на Менхетен и бил во воздух само 15 минути. Леталото било едномоторен турбински хеликоптер, во приватна сопственост.
Подоцна, надлежните објавија дека загинатото семејство е од Шпанија: директорот на шпанската филијала на германскиот концерн „Сименс“, Агустин Ескобар, неговата сопруга Мерсе Кампруби Монтал – менаџерка во компанија за енергетски технологии – и трите нивни деца на возраст од 4, 5 и 11 години.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

