Трамп: Ако Кина не ги повлече царините, ќе воведам дополнителни 50% царини
Президентот Доналд Трамп во денес изјави дека може да воведе дополнителни царини од 50 проценти на кинеските увозни производи ако Пекинг не ги повлече своите царини врз американските стоки.
Во објава Трамп изјави дека ако Кина не ја повлече својата одлука до 8 април, дополнителните 50 проценти ќе бидат воведени на 9 април.
„Дополнително, сите преговори со Кина во врска со нивните побарани состаноци со нас ќе бидат прекинати!“ додаде тој. „Преговорите со другите земји, кои исто така побараа состаноци, ќе започнат веднаш.“
Минатата недела, Кина воведе царини од 34 проценти на американските стоки кои влегуваат во земјата, како одговор на рекципроцитетните царини на администрацијата.