03 мај 2025
• од Вардарски
Неколку дена пред почетокот на конклавата — собирот на кардиналите за избор на нов папа — американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста. На својата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп објави фотомонтажа на која е прикажан облечен како папа.
Иако фотографијата ја објави без придружен текст, многумина ја протолкуваа како дел од неговиот добро познат стил на провокација и хумор. Во претходни изјави, Трамп се пошегува дека е „подготвен да стане нов папа“, па фотомонтажата изгледа како продолжение на тие шеги. Се претпоставува дека сликата е создадена со помош на вештачка интелигенција.
На фотомонтажата, Трамп седи на раскошен, позлатен папски престол. Облечен е во папски одежди, со митра на главата, голем златен крст на градите и папски прстен на домалиот прст. Неговата десна рака е крената, со показалецот насочен нагоре, во поза што потсетува на папски благослов.
Објавата брзо привлече голем број реакции на социјалните мрежи, од поддржувачи кои се забавуваа на неговиот сметка, до критичари кои ја осудија заради потсмев кон верските симболи. Сепак, за Трамп ваквите контроверзии се добро познат рецепт за останување во центарот на вниманието, особено во период кога светските медиуми се насочени кон изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

