26 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник потврди дека пред една недела остварил телефонски разговор со својот руски колега Владимир Путин. Според Трамп, темите на разговор не се ограничиле само на војната во Украина, туку опфатиле и прашања поврзани со нуклеарното оружје и можностите за негово ограничување.
„Говориме за ракети, за нуклеарни оружја. Говориме за многу различни нешта. Нашата цел е ограничување на нуклеарните арсенали. Во тој процес ќе се вклучи и Кина. Ние имаме најмногу оружје, Русија е на второ место, а Кина на трето. Иако Кина е доста зад нас, ќе нè стигне за пет години. Би сакале да постигнеме нуклеарно разоружување. Станува збор за премногу голема сила и мора да ја намалиме“, изјави Трамп.
Тој нагласи дека секој разговор со Путин е „добар разговор“, иако, според него, веднаш потоа следуваат нови удари врз Украина. Сепак, американскиот претседател го пофали Путин за неговата неодамнешна посета на Алјаска, истакнувајќи дека тоа е знак дека и рускиот лидер сака крај на војната.
Наместо гордост, понижување: Штип празнува јубилеј на клуб со окупаторско потекло
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден