05 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека разгледува можност да организира UFC натпревар на територијата на Белата куќа, со публика од 20.000 до 25.000 луѓе, како дел од прославите за 250-годишнината од независноста на САД во 2026 година, јавува „Асошиејтед прес“ (АП).
Трамп, долгогодишен љубител на мешаните боречки вештини и близок пријател на претседателот на UFC, Дејна Вајт, редовно присуствува на настани од оваа лига. По неговото реизбирање во 2024 година, тој се појави на неколку UFC гала вечери, вклучително и минатиот месец, кога од првите редови следеше шампионски мечеви заедно со Вајт.
Покрај планираниот боречки спектакл, Трамп најави и завршен фестивал на Националниот мол во Вашингтон, како и спортски натпревар со учество на спортисти од целата земја.
„Секој од нашите национални паркови и историски знаменитости ќе имаат посебни настани во чест на America 250“, изјави тој.
Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, потврди дека претседателот е целосно сериозен за идејата да се одржи UFC настан пред Белата куќа, иако дополнителни детали за реализацијата засега не се објавени.
Оваа иницијатива би претставувала досега невидено спојување на спортот и политиката во самото срце на федералната власт, во рамките на пошироката визија на Трамп за одбележување на четврт милениум американска независност.