20 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не исклучува можност за „сериозни проблеми“ поради инцидентот со руски воени авиони во естонскиот воздушен простор.
„Не ми се допаѓа кога се случува вакво нешто. Тоа може да доведе до големи проблеми, но ќе ве информирам подоцна. Приближно за еден час ќе бидам детално информиран“, изјави Трамп, пренесе агенцијата АП.
Според естонскиот премиер Кристен Михал, наутро на 19 септември три руски ловци МиГ-31 навлегле во воздушниот простор на земјата. НАТО-авионите веднаш реагирале, по што руските летала го напуштиле просторот.
Министерството за надворешни работи на Естонија соопшти дека инцидентот се случил над Финскиот Залив и дека руските авиони останале во естонското небо околу 12 минути.
Поради овој случај, во Министерството бил повикан привремениот руски дипломатски претставник, кому му била врачена протестна нота.
Естонија донесе одлука да побара итни консултации со НАТО врз основа на член 4 од Северноатлантскиот договор. Според овој член, земјите-членки се обврзуваат да се консултираат меѓусебно секогаш кога некоја од нив смета дека нејзината територијална целовитост, политичка независност или безбедност е загрозена.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

