24 септември 2025
• од Тодор Вангелов
Доналд Трамп, преку својата платформа Truth Social излезе со нова објава во која ја коментира војната во Украина, при што изрази убеденост дека Киев, со поддршка од ЕУ и НАТО, е во позиција да ги врати сите свои територии.
„По запознавањето и целосното разбирање на воено-економската состојба меѓу Украина и Русија, гледајќи ги економските проблеми со кои се соочува Москва, верувам дека Украина може да се бори и да победи – враќајќи ја својата земја во нејзините оригинални граници“, напиша Трамп.
Тој оцени дека Русија, и покрај три и пол години интензивни борби, не успеала да постигне одлучувачка победа и дека тоа ја прави да изгледа како „хартиен тигар“. Според него, економските проблеми и тешкотиите во снабдувањето со гориво ќе предизвикаат незадоволство меѓу руските граѓани.
„Кога луѓето во Москва и во другите големи градови ќе ја сфатат вистинската состојба, Украина ќе биде во можност да ја поврати својата држава во целост – можеби и повеќе од тоа“, истакна тој.
Во пораката, Трамп додаде дека НАТО ќе продолжи да добива оружје од САД, со што Алијансата ќе може да одлучи како да го користи во поддршка на Киев. На крајот, тој порача: „Им посакувам сè најдобро на двете земји. Среќа на сите!“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

