21 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Српскиот опозициски политичар Радивое Јововиќ е уапсен утрово во Нови Сад, јавуваат српските медиуми повикувајќи се на извори блиски до истрагата.
Јововиќ, кој последните денови беше меѓу најистакнатите учесници на протестите во Србија, со кои беа блокирани главни сообраќајници и институции, се наоѓа во полициски притвор по налог на обвинителството.
Според првичните информации, против него ќе биде покрената постапка за повеќе кривични дела, меѓу кои насилничко однесување, загрозување на јавната безбедност и поттикнување на омраза.
Обвинителството најави дека истрагата ќе продолжи и дека во наредните денови ќе бидат познати повеќе детали за случајот.
Апсењето на Јововиќ доаѓа во момент на зголемени политички тензии во земјата, каде што опозицијата организира масовни протести против власта, обвинувајќи ја за корупција и ограничување на демократските слободи.
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден