24 август 2025
• од Гоце Кически
Турција би можела да испрати свои воени контингенти во Украина доколку се потпише мировен договор, со цел да се спречи повторување на руската агресија. Ова го изјави украинскиот амбасадор во Турција, Нариман Џељал, во телевизиски маратон, пренесе украинската новинска агенција УНИАН.
Според него, Турција може да се приклучи кон групата држави кои ќе обезбедуваат безбедносни гаранции за Украина.
„Турција е една од повеќе од десет земји кои веќе ја разгледуваат можноста за испраќање свои војници во Украина како стабилизирачки фактор, со цел да се гарантира дека руската агресија нема повторно да се случи во случај на склучување мировен договор“, изјави Џељал.
Тој додаде дека Анкара исто така е подготвена да се приклучи во процесот на деминирање на Црното Море, како и на украинската територија.
„Вчера (во петок – заб. ред.) имав средба со турскиот министер за одбрана, Јашар Ѓулер. Разговаравме многу конструктивно. Турција е подготвена во најскоро време да се приклучи кон разминирањето на Црното Море. Го допревме и прашањето за цивилно разминирање, односно директно на нашите територии“, посочи амбасадорот.
Тој нагласи дека Турција останува едно од најповолните места за идни преговори на ниво на делегации и лидери.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

